+389 (0)2 3166 144 contact@sfai.mk

Историја на СФАИ Македонија

Историјата на СФАИ во Македонија започнува со Друштвото за сметководствени услуги – НП Консалтинг која е една од првите независни приватни сметководствени друштва во Македонија, основана во 1992, чии што оснивачи, и сегашен сопственик – Наталија Ранѓеловиќ, беше признаен како еден од водечките инспектори во СОК – Служба за општествено сметководство во Македонија. Во годините што следуваат, НП Консалтинг стана препознатлива како водечка домашна сметководствена фирма, а нејзините вработени како професионалци врз кои можете да се потпрете. Иако, во почетокот, НП Консалтинг беше фокусирана на пружање на надворешни услуги за сметководство и пресметка на плати, во доцните 90-ти стана една од првите лиценцирани ревизорски фирми. Како таква, НП Консалтинг, играше значајна улога во развојот на ревизорската професија во Македонија.

Во текот на 2015 година основан е ТП Ранѓеловиќ од страна на Ненад Ранѓеловиќ во како фирма специјализирана за пружање на ревизорски услуги на нејзините клиенти. Г-дин Ранѓеловиќ беше посветен на преносот на своите знаења и вештини, акумулирани во преку 10 години искуство како ревизор во меѓународна фирма од Големата Четворка во Мкедонија, при пружањето на ревизорски услуги на своите клиенти.

Како потврда на исклучително високиот квалитет на услуги во текот на 2021 година нашата фирма станува член на една од најголемите сметководствени мрежи во Светот Santa Fe Associates International – SFAI. Истата година, дел од нашиот тим станува и г-дин Јане Иванов, препознаен и потврден професионалец во областа на ревизијата и пружањето на советодавни услуги, кој поседува преку 15 години професионално искуство во меѓународна ревизорска фирма, член на Големата Четворка.