+389 (0)2 3166 144 contact@sfai.mk

Ненад Ранѓеловиќ

Ненад Ранѓеловиќ

FCCA, Партнер

Г-дин Ранѓеловиќ, има практично искуство од преку 17 години во ревизијата од кои преку 10 години во меѓународна ревизорска фирма дел од така наречената голема четворка. Во текот на неговото работење беше инволвиран во ревизиите како член на ревизорскиот тим, теренски одговорен сениор, супервизор и менаџер во преку 500 ревизии на претпријатија, банки, осигурителни компании, финансиски институции и други друштва, во Република Македонија, Србија и Босна и Херцеговина. Како дел од ревизорската работа тој извршуваше активности поврзани со планирањето на ревизијата, спроведување на ревизорскиот план, теренска работа, оценување и комплетирање на ревизијата, како и изготвување на ревизорските извештаи. Поголеми клиенти кај кои беше вклучен се:

– ВФП Фонд Менаџмент АД, Скопје

– Раде Кончар – Апаратна Техника АД, Скопје;

– Раде Кончар – Контактори и релеи ДОО, Скопје

– Рамсторе Македонија, Скопје;

– Фруктал МАК АД, Скопје

– ЕМО АД, Охрид;

– БЕГ АД, Скопје;

– Охридска Банка а.д., Скопје;

– Алкалоид а.д., Скопје;

– ЕМО а.д., Охрид;

– ЕЛЕМ а.д., Скопје;

– Уника а.д., Скопје;

– Електропривреда Србије а.д., Белград, Србија;

– Хипо Алпе-Адриа-Банк а.д., Бања Лука, Босна и Херцеговина;

– УниКредит Банк а.д., Бања Лука, Босна и Херцеговина.

Г-дин Ранѓеловиќ исто така беше вклучен во поголем прој на проценки и длабински анализи вклучувајќи:

– ЕСМ а.д., Скопје (нарачател CEZ, Чешка Република);

– ИК Банка а.д., Скопје (нарачател Demir-Halk Bank, Холандија);

– Капитал Банка а.д., Скопје;

– Војвоѓанска Банка а.д., Нови Сад, Србија.

Г-дин Ранѓеловиќ е FCCA, издадена од Association of Chartered Certified Accountants од Обединетото Кралство, како и овластен ревизор во Република Северна Македонија.