+389 (0)2 3166 144 contact@sfai.mk

SFAI International

Децении наназад SFAI обезбедува широка лепеза на консалтинг искуство за стратешки, сметководствени и даночни потреби на своите клиенти. Ние сме со Вас во време кога несомнено е дека Вашиот бизнис за многу пократок период ќе се соочи со многу повеќе промени отколку што тоа било во минатото. Не се работи само за забрзување на процесите кои може да ги предвидите, туку и за целосна трансформација како на пазарите и купувачите, така и на претходно познатите конвенционални индустрии кои досега ги познававме. Ние сме овде да Ве поддржиме во интеграцијата во модерните облици на водење бизнис за да останете конкурентни на редизајнираните пазари на Вашите производи или услуги.

SFAI (Santa Fe Associates International) е ревизорска компанија основана во САД со меѓународно присуство на давање ревизорски, даночни и советодавни финансиски и управувачки услуги ширум светот.

Ние сме професионална организација чиј врвен приоритет е развој на најдобри бизнис  стратегии за нашите клиенти со уникатен пристап во искористување на компаративните предности, градење филозофија на успех, како и иновативен пристап во препознавање на потребите на купувачите и најуспешните канали на дистрибуција.

Ние Ви помагаме постојано да се прилагодувате и да се подобрувате. SFAI користи проверена методологија изградена на огромно меѓународно искуство.

SFAI е член на најголемиот форум на сметководствени фирми во Светот (FORUM OF FIRMS)

Секој настан во една организација, без разлика колку е едноставен или комплексен, во себе содржи идеи и однесување.
Однесувањето произлегува од идеите, додека идеите произлегуваат од однесувањето.
Една организација е ефективна само преку ефективна интеракција меѓу идеите и однесувањето.

Во своето дејствување SFAI ги следи меѓународните стандарди на IFAC, како и применливите етички и професионални стандарди во земјите во кои ги вршиме услугите. За таа цел:

  • Одржување соодветно ниво на стандарди за контрола на квалитет во согласност со Меѓународни стандарди за контрола на квалитет издадени од страна на IAASB, како и во согласност со применливите локални стандарди за контрола на квалитет и однесување.
  • Одржување соодветно ниво на стандарди за контрола на квалитет во согласност со Меѓународни стандарди за контрола на квалитет издадени од страна на IAASB, како и во согласност со применливите локални стандарди за контрола на квалитет и однесување.
  • Развива политики и методологии кои се во компактност со Кодот на Етика за Професионални Сметководители и Ревизори издаден од страна на IFAC.