+389 (0)2 3166 144 contact@sfai.mk

СФАИ Македонија

СФАИ Македонија е член на GPSA (gpsa-international.com)

СФАИ Македонија е член на SFAI International од 2021 година. Нашите партнери Ненад Ранѓеловиќ и Јане Иванов поседуваат повеќе од 10 годишно искуство во меѓународни ревизорски фирми членки на големата четворка. Акумулирано искуство е потврда за капацитетите и способностите на СФАИ Македонија, кои што мал број на ревизорски фирми го поседуваат во Македонија.

UNITED NATIONS GLOBAL COMPACT (www.unglobalcompact.org)

Како членка на SFAI, СФАИ Македонија во целост ги почитува 10-те Принципи на иницијативата на Обединетите Нации – Global Compact (UNGC). UNGC е необврзувачки пакт на Обединетите Нации за да поттикнување на бизнисите и фирмите ширум светот да усвојуваат одржливи и општествено одговорни политики и да известуваат за нивната имплементација. UNGC е рамка базирана на принципи за бизниси, која наведува десет принципи во областите на човековите права, работната сила, животната средина и антикорупцијата. UNGC е најголемата светска иницијатива за корпоративна одржливост со 13,000 корпоративни учесници во преку 170 земји во Светот.